Сите го чувствуваат цутот и не мислат на него сал човекот во тремот во нем разговор со дрвото го брои цутењето што повтор му се враќа.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Покривите од манастирските објекти правеа чуден декор наоколу, а лисјата од дрвјата го оцртуваа својот црн хербариум под месечевото небо.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Наместо огнот да го голтне дрвото, дрвото го проголта огнот и остана на сред клада, како со вода, а не со оган да сме го дарувале.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Измислен е зелен фирнајз со кој дрвото го мачкаш еднаш на сто години.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Лисјата на дрвјата го почнуваат својот внатрешен немир; избувнуваат, пламнуваат и гаснат во севозможни бои; капат и ги покриваат двете патеки што водат до куќата на брегот: едната се витка по брегот спирално криејќи се меѓу дрвјата, а другата искршена како недоотворено мајсторско метро, се крева нагоре од едната страна во ци-цак; птиците црцорат, прпкаат низ крошните, ги ронат лисјата обземени од возбуда на своето скоро заминување во други краишта.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
АНДРЕЈА: Реков.
(Пауза. Димитрија делкајќи го своето дрво го сече прстот. Пцуе под мустаќ. Ја цица крвта.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Најсвежо расцветаните цвеќиња на гранките на ова чудно генеалошко дрво го носат името Joachim Mogarra; Thomas Hirschhorn; Gilles Barbier; Saverio Lucariello; Philippe May- aux; Véronique Marchetti; Marc Boucherot; Véronique Boudier, Olivier Blanckart; Stéphane Bé- rard; Jonathan Monk.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Лисицата веќе и не се обиде да ја следи со очи брборливата страчка во лисјата на првото дрво го подвитка опашот и се спушти низ долчето гладна но претпазлива во прастариот див закон на шумата - демни ги послабите, варди се од појаките.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Или, ако едно, кое било од овие дрвја го засадиме во агол, каде што двата ѕида би му го запирале природниот развој, тоа ќе се шири само во слободните две насоки и никогаш нема да види што има зад другите два ѕида.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)