држава (имн.) - ги (зам.)

„Европа“ се соединува на начини за кои Џин Монет никогаш не ни помисли, иако нејзините составни држави ги искусија грчевите на ксенофобичното насилство и периферната балканизација.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тато Блејк ти се пофалил дека конечно од државата ги повративме лозјата на покоен дедо, а ти си му рекол одма да ги продаде, па со тие пари да одите седум дена во Лас Вегас.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
По не повеќе од една година, Комунистичката партија, преку власт, најави целосна колективизација па државата ги расформира селските експериментални колективи како тој во кој што беше Најдо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Државата ги закити мажите, жените на тие мажи со задоволство ми ги закачија мене над срце, За заслуги и други самодејности во последниве години.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во 1936 лево ориентираните македонски студенти од Загреб, Белград и Скопје истакнале своја политичка декларација како програмски документ потпишан од 200 лица.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Од историската сцена ги снема ВМРО-автономистичка и ВМРО (Обединета), но идејата патеводител за формирање на самостојна, обединета и суверена македонска држава ги водеше новите генерации.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Еве, ова е список на лицата кои грчката држава ги смета за опасни.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Според многу теоретичари, 11 септември ефективно ги потисна (уништи?) сите надежи за свет без граници и „до темел ги промени глобалните режими на мобилност и начинот на кој државите ги обезбедуваа своите граници“.61
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Пресвртница во трендот на свет со попорозни граници предизвикан од глобализацијата, т.е. зголемениот притисок за преминување на личните граници (правата на приватност) со цел да се зачуваат организациските и националните граници, беше 11 септември.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)