другар (имн.) - бев (гл.)

Некако зловолен се обував. И другарите беа такви.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Годините го бараа менувањето на местото, исто како што некои стари другари беа заменети со нови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше каква беше, но како другарка беше навистина искрена и добра.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тогаш проценките од некои другари беа други.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога велам непресметано не мислам на вистинитоста на случајот ниту на правната страна на таа вистинитост, туку на околностите поради кои се најдов во положбата на губитник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Очите и на двајцата другари беа впиени далеку во патчето што се одделуваше од селото на запад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не мислам само на проповедта за праведноста, што толку упорно ја повторував; ниту на оние мои неумесни критички осврти што од страна на другарите беа оценувани како задоцнети согледувања, или како преуранети сигнали, туку пред сѐ мислам на она мое непресметано вплеткување во случајот Басотови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тивко, тивко го расвести и бргу го поведе кои своите српски окопи, каде што веќе другарите беа се загрижиле за него, ота и зората наближуваше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Оваа тактика -вели Ѓ. Петров - јас ја нареков подла, откако толку крв се беше пролеала и толку другари беа истрошиле толку енергија...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)