Програмските цели на другарството биле: признавање на македонските Словени од страна на Османлиската империја како посебен народ со посебен литературен јазик кој напоредно со османскиот би бил официјален јазик во трите македонски вилаети; признавање на македонска независна црква; назначување на генерален гувернер со помошници од националните малцинства во трите вилаети и локално избран народен совет.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во Меморандумот што бил испратен до руската влада на 12 ноември 1902 другарството жестоко се спротивставило на шовинистичката пропаганда која го оневозможувала независниот развиток на македонскиот народ.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)