Некогаш крај бистрото Езеро, најстаро и најубаво во светот, во цутот на својата младост, со својата дружина ги пееше често до изгрејсонце тоскиските полифони песни.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Уште сонцето не искочи од ридот, Толе со дружината ги фати карпите во Мечи Дол и го опседна тесното патче.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во случај на неуспех и опасност Толе го клаваше Ќосото зад себе на коњот и така успеваше да излезе од обрачот на потерите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Потоа гласот наизменично редеше песни и ги галатеше сите Турци, а најмногу него, дури може да се рече дека само него, Арслан бег; го набедуваше дека тој, Арслан бег, со дружината ги исклал Акиноските и го повикуваше на мегдан - ако е јунак, како што се прикажувало за него, и ако му јади газот стодрам барут.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)