Секогаш кога, во потрага по Владимира, ќе достасаше дружината на полето каде што тие жнееја, ќе поседеше на полозите а тој, Арслан бег, наредуваше таа, Руса, да им подаде вода.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ко нѐ виде нас, му пукна лејката, рече некој од дружината на Хаџи Ташку и сите, освен потковичаните, се смееја.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Иако некому може да му попречи дословноста на постапките на театарската дружина на Атхеѕ (нема никакво фингирање, дури и клистирањето или употребата на вибратор со две глави се изведуваат автентично), не треба да се заборават поттиците и причините што Атхеѕ го наведуваат да создава таков вид уметност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Модерните примитивци како да се обидуваат да докажат дека стварноста постои, дури и ако не е медиски посредувана.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Откако ја ослободил од стисокот на шепите, ја видел во колебање дали да остане кога е веќе откриена или да избега, како досега, исцрпена и гладна, да ја следи дружината на свој вешт начин со кој и во присутноста ѝ останувала невидлива и доследна на својата цел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Ене го проклетникот. Тој сам ќе си ја стави главата на тепсија пред Калпаковата тајфа.“ „Тој не е сам. Погледни, оној со него е...“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш ги повлекол рацете со желба да ја ослободи од чувство дека ќе ѝ нанесе некое зло.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дружината на бродот одбрала друг капетан и животот меѓу нив почнал убаво како и порано...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Во селото Крњево немаше Турци, ама за беља доаѓаше почесто дружината на Гоце Делчев, често ни оставаше тука оружје и муниција, а ние моравме да ги криеме.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)