Имено, таму било запишано дека Костадин Дамчески, Лазор Перуноски и Атанас Јанчески Цицко, брат му на Бошета Јанчески (животниот пат на Бошета, поради една изненадна околност, уште од истата ноќ зеде друга посока, го однесе далеку од Потковицата и никогаш уште еднаш не го врати назад) скриени во житјата на реченото место го издемниле Хаџи Ташку со дружината и кога овие им се доближиле на само педесетина метри истрелале сите тројца наеднаш во нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ќе барам дружина и со неа ќе отплатуам на сите народни јадачи, па макар тие биле крстени или некрстени.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тој беше во гимназијата одговорен по работата на литерарната дружина и надзирател на ученичкиот лист „Полет” што излегуваше повремено на два табака.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Уште од времето на Кресненското востание, во кое имаше раководна улога, Стамболов води немилостива борба против секоја манифестација на македонската национална свест и успеа привремено да ги неутрализира и движењето на Т.Гологанов, и Младата македонска книжовна дружина и др. македонски друштва и комитети, па така дојде и до книшката на Вардарски (П.Попарсов) „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници” (1894) што всушност ја претставуваше првата програма на тогаш основаната ТМОРО.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Организирањето на вечерните училишта за Македонците печалбари, основањето на јадрото од коешто израсна Младата македонска книжовна дружина и остриот судар со бугарските власти на Стамболов, затворањето и потоа бегството во Македонија – зборуваат дека Груев навистина бил „во бројот на сепаратистите”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Хихихи, и хохохо, и хахаха - ужасно весело и со 'рскот на здруженост татнело околу него. - Што сакаат од тој стар човек? со страв седнал до Куно Бунгур најмладиот од дружината и сведокот на недоразбирањата и разбирањата помеѓу златнодамкавата Фиданка и петелот во човечка кожа Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не можеле да се спасат од него со ослободувањето на здивот, не можеле ни да го воздивнат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бол, повторена возможност на заборавениот Лозан Перуника кога ни го викнале да чекори со оние што ја пребарувале густината на леските ни му покажале стражарско место да го демне призрачето на гаќи од кои се мавта учкур како памучна сабја на смешен, потсмешлив или исмеан делија.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Во потопот и вашите болви ќе се издават, претскажувал старецот со вражалски ќесички под очите, едното поголемо од другото како што е поголем потпланински бадем од семка на слива; навистина оние четворица со клокотави грла за малку не умреле од незапирливо смеење, се тркалале по млада трева слични на пеливани што се борат со своите сенки, наеднаш половина дружина да попаѓа од стомачен кикот кога оној Филип Макариев го прашал со детска наивност вториот Нојо што ќе се случи ако нивните болви се удават со него а сите други ако останат во големо корито со неговите болвички, црни и скокливи внучиња со Симон-Наконтикова крв на невидливите цицалки - Ќе се давите и ќе подавате раце да ми се фатите за учкуров, ама - на! завлекол рака в појас Симон Наконтик; капнувале од невидено смеење не знаејќи ги бара ли тој болвите под гаќи да ги стисне в рака и да ги спаси од поројните води што ќе ги покријат и Содома и Гомора на вилаетот или заканувачки сака да им го покаже учкурот за кој со задоцнето јунаштво на машкоста им раскажува нови библиски поглавија; од утробата му 'ртел плач.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Видовитиот, некогаш Дмитариноарие, подоцна Дмитар-Пејко, припокриен со запалени гранки без пресметаност на ќумурџиско умеење, се спровирал од својот гроб во шурки чад, патувал невидлив и се враќал со свиркањето на ветрот барајќи ѝ ја трагата на дружината и наоѓајќи ја само ноќе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но таа споулавеност со искубана брада еднаш веќе го предупредила со оган неголемото село на каменоделците - ноќта е мајка на неутешените и маштеа е на непретпазливите, мислел или се сеќавал на нечии зборови најмладиот од дружината и не знаел дали да ѝ се придружи на исто така заборавената старост, да седне до склопчениот Симон Наконтик и без здив, со невидливо црвенило на лицето во мракот, да му раскаже за глувата и нема Ганка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во тоа време пристигна абер од Скопје дека го бараат пашата, а од Прилеп – го бараат кадијата, та требаше да се растури целата дружина и бунтовниците пак да ја избегнат катастрофата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Режисерот почетник, постарите актери од дилетантските (или аматерски) дружини и помладите актери и актерки со штотуку завршена драмска академија и на пат кон поголемите театри и поугледни сцени.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Го извади листот со заветот на дружината и напиша уште една точка: „Да се мрази непријателот.“ ***
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)