Јас гледав во формуларот: на него беше составен еден ужасно патетичен текст, во кој најгоре, на почетокот, стоеше: „ЈАС“ (подоцна многу размислував за значењето на заменката „јас“ во партискиот и општествениот живот, воопшто), „Потресен и огорчен од она што се случува денес со здравиот народен дух и народната уметност, која е обесчестена, пристапувам кон Партијата на здравиот народен дух и се обврзувам дека дење и ноќе ќе работам на поткревањето на тој дух до степен на усвитеност, дека ќе му ги вратам часта и достоинството и дека...“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)