Што си ти: дух или нешто слично? – продолжи со зачудувачки тон во гласот да прашува Еразмо, додека срцето од страв му биеше како лудо, чекајќи го одговорот на старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Во таа мека розовост една друга розовост со нечуен чекор се оддалечуваше од мене и јас за последен пат ја здогледав љубовта на мојот дух или на некој дух во тој дух и го запаметив нишањето ан нејзините колкови.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сигурноста во сопственото постоење, изразена во ставот „бидејќи мислам, Јас знам дека постојам или имам дух, односно душа“, ќе го доведе Декарт до остра дистинкција помеѓу духот како мислечка супстанција и телото како протеæна супстанција.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Господе, господе, почна отец Иларион да шепоти и да ѝ се потргнува од рацете, но допирајќи го своето лице до нејзиното, и тој почувствува возбудливи трпки по снагата и почна да ѝ се припива со целото тело, да ја разгрнува мантијата, да се распетлува, и во мигот кога требаше со целото свое тело да ѝ ја почувствува врелината на нејзината кожа, кога ја заграби со рацете да ја впие во себе - таа исчезна како да беше дух или демон, му остана прегработ празен, а од прозорчето задопира грозен кикот, гракчење на гавран или на нечистиот, исмејувајќи го што го доведе до оваа бедна состојба, што вака го понизи и го огреши.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Декарт,“Јас“ како дух или душа, односно мислечката супстанција од една страна и мозокот како протеæна супстанција од друга, ќе ги смета за сосема различни ентитети.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Понекогаш им се чинело дека нивниот дух или душа добиваат “гасовита” состојба и како им бега.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Но, не баш дух, бидејќи овој е премногу интелектуален за вкусот на поголемиот дел од една генерација скептична спрема „профаното” рационално мислење а склона да верува во квазимистичната моќ на интуицијата и екстазата, туку повеќе „душа” - орган на некој неодреден начин поврзан со „духот”, но, за разлика од него, благородно усидрен во чувството, коешто е или нурнато во сепроникнувачкиот elan vital a la Bergson, или е во дослух со севкупниот Космос, односно со вечноста, така што овој експресионистички орган - духот или душата - во секое време има, под услов доволно да е огнен, непосреден пристап во бесконечното.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
„Наеднаш исчезна, го снема, како да беше дух или некој негов роднина од сништата...“ рече мајка ми.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)