душа (имн.) - е (гл.)

Ставен под опсада на бездушни крадци пијавици гладни и човекојадци мојата душа е ставена на мета во светот будалест неуморно прета Мојата душа претрпе стрес неправди безброј, понижувања, бес гази ја , ништи ја за сѐ што е крива еве ја тука повторно е жива Во душата моја се сееше чемер бескрајни лаги од секој лицемер мојата душа се навикна да трпи гази ја, ништи ја повторно се крпи Душата моја е жива и спортска трча на долга стаза маратонска неуморно скока на животна пречка гази ја, ништи ја ќе остане вечна
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Сега Соколе гледа дека не сака телото, ами душата е таа што сака, и ако душата не нашла љубов во животот, ќе запилкува за неа како орле за вода над пустине карпи, дури не ја најде својата гроба.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И сфатив дека во ова време на грозомора, нејзината душа е како мелем на отворена рана... И тие нејзини очи!!!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Предел На Ефтим Клетников Има еден предел во кој секому душата е море и каде никој не пие вино и каде никој не знае што е правда и неправда што е никој не знае ни што е добро - ни што е зло - ниту пак знае сведок што е и обвинение што.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тогаш, низ пламен, јас сам во пламенот ги фрлив и расото и крстот но приграбив дел од свитоците кои сè уште не беа зафатени од пламенот и легнав врз нив, јас Антонио, сега стракче трева изгорена меѓу дамнините и заборавот...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Убавината и грдотијата на душата е прашање со непретенциозност, вредно за дискусија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мојава душа е пристаниште и само ти можеш да го укотвиш грандиозниот брод на љубовта, мојата страст, нежност и копнеж, моево срце и душа се најинтимното нешто што можам да ти го подарам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но убавината или грдосијата на некоја физичка појава е сосема погрешно ако и само помислите да го зачнете како секвенца во најбанален разговор.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
По страдањето душата е бесмртна, воскреснува болот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Нашата задача и мака е, ако прекантари тоа рамновесие кај човекот - да го вратиме повторно во првобитната душевна и разумна терезија... Душата е една од тајните над тајните...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Направи пауза отец Иларион и продолжи: - Душата е корен во човекот; како што од коренот на дрвото се храни стеблото, гранките, лисјата, плодовите - така од неа се храни телото, видот, слухот, говорот, волјата, свеста и сè што човекот има; таа е извор од каде сѐ почнува и сѐ враќа; огледало севидливо; владател и роб; таа е целина како сонцето; сеопшта суштина; сила што обновува како соковите што го обновуваат сувото стебло давајќи му нови израстоци; таа е бунар во кој водата е матна или бистра, мирна или замрешкана; светлост затворена во пештера од крв и месо; зрачи, или потемнува; пламен и пепел; камен гранитен или прашинка; оган кој дур е под контрола е благодет, а потоа пустошник; какво тело носи, таков лик има; со менување на телото, и ликот си го менува; по неа се чита и открива човекот; често е читлива, а често загадочна; некогаш ти допушта да ѝ се вдлабиш и да ја видиш, а некогаш за миг ќе те заслепи како поглед во сонце; некогаш е живо железо што тече, поток без форма; кораб на отворено море; пространство огромно, но и теснец затворен во тајните свои; нѐ држи цврсто како градба, верно нѐ придружува, но не знаеш во кој миг ќе нѐ изневери...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Утре ќе го натерам логотетот да застане со ѓаволот, пред него да стои, со негови очи да види, да узнае дека под словото друго слово има, под буквите видливи – други, скриени, под душата на словото друга душа е настанета!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од тие зборови што ги слушал Силјан штркот, голема жал му идела, што дури сакал да се сам убие или во бунарот да се удави; арно ама душа е мила, пак се попишманил.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
1 Се претпоставува дека големиот антички филозоф Платон, под влијание на орфизмот, бил застапник на мислењето дека душата е бесмртна.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во Античката филозофија, поточно кај застапниците на религиското учење - орфизам, го среќаваме мислењето дека телото е затвор за душата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Душата е жолта и црвена, мислеле загледани во играта на пламенот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А коските? Тие не му се предаваат на огнот и живеат илјада години подолго од месото и од жилите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Болката на душата е стара колку и човекот, екимот изумирал заедно со своите мевлеми, болката останувала како и да се преименувала, а сега тој доаѓа како ништо друго освен како подновен обид со неочекуван, а пресметан убод да навлезе не во душата туку само во мозочната ципа, за да го поврати човекот во оној канализационен жабарник што се вика нормален живот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Замрежи просторот околу, се се стесни, зашумолија нозе небаре газат во суво лисје, прогрмоти женски глас отсекаде: „Ќерко моја, иако моево тело е студено, иако моиве усни стрижат со сув ветер, скриена во длабоката скрвишница на земјата – мајка, мојава душа е топла!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Бевме во добата на невиноста, во која кога ни се упатени срамежлив поглед и затскриено искажан копнеж, тие предизвикуваат ерупции во нашата душа, под тенката и нежна телесна обвивка, доба кога душата и телото се сѐ уште поврзани во едно; добата на невиноста, кога возбудата не знае дека еден ден ќе се претвори во рамнодушност или во нагон за задоволување само на телесните потреби, а тогаш, дури и кога ќе успее во себе да вткае страст, нема да има ни способност ниту пак желба да го претвори мигот на уживањето во малечка вечност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бевме во добата на невиноста, кога душата уште е мека глина и не знае дека еден ден ќе се претвори во камен или во посна земја; бевме во онаа доба кога душата е глина која лесно може да се стопи со сродна душа, и од двете да стане едно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
-Душата е заробена од телесните желби.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Морето со просторот ме излага морето на душата е трага морето збор е.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Многу години по Татковото заминување, кога ќе светнеше жолтата ламба среде татковите книги, ние верувавме дека Татковата душа е тука, крај неговите книги кои таинствено, во долгите ноќи, продолжуваше да ги прелистува Мајка... ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не се догледуваат оти се во душата, а душата е секаде до кај што стасува умот. „Ако тревата мрда, а ветер нема, има нешто друго што не се гледа.“ Така велеше Лазор Ночески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)