егзистенција (имн.) - и (сврз.)

Браќата беа друга приказна - тие беа постари, пет мажи во фамилијата кои од многу рано се бореа за сопствената егзистенција и му помагаа на татка си да го развива бизнисот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Како резултат на овие деловни политики, голем број земјоделци останаа без егзистенција и се приморани своето производство да го насочуваат кон други полјоделски култури.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како што потенцира Ѓорѓиевски, бугарските инвеститори, во го- дините после нивното доаѓање во фабриката, целосно го уништија производството на шеќерна репка кај околните земјоделци, на начин што наместо откуп на оваа значајна суровина, тие вршат увоз на поевтина шеќерна трска од странство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Со други зборови, поимите, кои се појавувале единствено како антитетички, со текот на времето човековиот дух толку ги извежбал што на секој од нивните два дела можел да им овозможи самостојна егзистенција и, следствено на тоа, да им обезбеди сепаратен гласовен приказ.“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)