3. немир Но веднаш доаѓа нешто што личи на превез од плач оти е многу густа поплавата од изневерени спомени па долго треба да рониш додека се уловиш себеси – шкољко од премногу лажни и премногу ретки бисери Оти е голем тој град со огромни риби од улици што безредно пловат по немирното езеро од сонце во кое лесно би можел и безразложно да се изгубиш
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Имаше и големи црвени печурки на кои децата седеа наместо на столчиња, а во средината на дворот се синееше мало езерце од кое децата црпеа вода и ја пиеја.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Мајка долго не се вмешуваше во татковата мисла, но сега запраша: - Како да го спаси Езерото од луѓето?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)