Работејќи триесетина години врз сиџилите, во битолскиот кадилак (од XV до XIX век), кој ги откри, ги систематизираше и ги преведуваше во триесетте најубави години од својот живот, па можеше да состави еден вид енциклопедија од поимите на исчезнатото време, но ова што сега го работеше со Камилски, можеше да претставува игра од неговите големи соништа на Балканот, како единствен калауз да излезе од самиот себе.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога се врати од Цариград, Татко донесе и еден том од Енциклопедијата на историјата и географијата од Сами-беј Фрашери, во шест тома на 4 830 страници, која го прослави авторот на првата турска енциклопедија од таков вид.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)