Во еспадрили или во јадранки (на една од тогаш снимените фотографии со босиот палец од јадранките го чешкам мачорот Чарли зад уво), со шишиња пиво во рацете, со коси сè уште влажни од поливањето, навидум лежарни, густиравме излупени резниња праски, а во главите ни се роеја возбудливи мисли спротивставени околу најважното прашање – што ќе студирам?
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)