Сите млади коњарки беа дошле во дворот од Силјана за да ја гледаат радоста; сите се радувале и се веселеле; само Силјан штркот стоел на таткова си куќа омаудрен со главата в земи, од голема жал што му дошла, дека ја гледал од сестра си свадбата.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Бидејќи било многу рано, уште не беа развражале куќните луѓе, само татко му беше излегол во двор, со прво него го видел и од жал што му паднало се расплакал.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Знам после кај ќе одиш, ми вели, и еднаш ми е жал што не можам да те запрам и, уште еднаш ми е жал што не можам и јас да дојдам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Силјан ги слушал тие зборови од жената си и срцето му се корнеше, од жал што му идеше; арно ама канонот, што бил даден треќата вечер, требало да го трга.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)