Кој ќе ја научи лекцијата за растењето Пред да прорти жарот во семето на светот?
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Софија направи мала пауза, очекувајќи ја реакцијата на Киријаз, и кога се увери дека тој упорно настојуваше ситуацијата да ја држи во молк, продолжи со глас на исповедничка: “Секое легнување со Јани в кревет ја имаше жештината на жарот во огништето.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Зедов два жара, го подзасеков апежот со ножето, ги боцнав жаровите во двете дупчиња.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Го разгорувам жарот Во дувлото на животот Му се препуштам со мисла За гола жена Со чекор кон Парнас Залуден од желба Да бидам пламен Прскаат искри по небото Додека ми гори кошулата
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Ја доѕидував, збор по збор Со жарот во огништето Со раскрилените кошули на чардакот Со подземната вода, со каменот во водата Раздиплена низ одаите за пород.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Се врати во колибата, провери дали има жар во огништето, го приспотна огнот, па ги зеде грнците и се спушти на изворот по вода.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Доцна синоќа, откако го изгаснаа ламбичето, откако го запретаа жарот во огништето и си легнаа, добриот старец не заборави да му напомне дека треба да внимава на овците што се пред ојагнување, посебно да се грижи за малите јагниња, да ги дои, зашто има овци кои не сакаат да ги дојат своите рожби.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Обравчињата ѝ горат, не замалува огнот. Ко жарје во кација нацрпени и горат. И очињата со крв ѝ се облечени.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Море, стопанче, стопанкино, си велам, и еда, после чинеше клај жарје во водата и, еда, жарјето пропадни, никако да завртат над водата, да летнат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И лежам така, гледам во мракот што се стиска меѓу гредите, малку подугрејани од жарта во огништето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)