Го стиснав жарчето во пепелницата и пак ги најдов цигарите и запалката. Ја осветлив.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Знаете колку чини едно вакво жарче во планината кога ќе ти се наводени тратот?“
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Се слуша дека во летните квечерини од реката изнуркуваат летачки змии и отфрлајќи жарчиња во форма на крлушка од крап, се упатуваат кон шумите.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ќе тлеат жарчињата во спузата... Ќе тлеат и... ќе чекаат...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во неговиот џеб секогаш има понешто за понадица, колку за радост, колку за да види блескот на жарче во неговите очи, колку за да се растегнат неговите усни во блага насмевка.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Ја нема мајка Петра - саде таа имала Господова дарба да пронајде жарче во пепелта запретано и од него огон да разгори.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Тоа беше онаа светлина, мала точка на небото, жарче во душата, во сè околу нас.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)