Жените носеа забулени шамии, а мажите одеа замислени на работа или се шуткаа околу куќите.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Една жена носи мртво дете, ѝ е жал да го остави незакопано.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во рацете жените носеа китки невен и страк босилек.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ако е случајно, зошто носи фустан, а не панталони, како што обично при ваква работа жените носат?
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Долу, под балконот, летувачите веќе се врвчеа - кој со торба, кој со душек, кој со гума, кој со чадор, кој со топка - сите по шорцеви, со апостолки меѓу прстите на нозете и снежни шапки на главите, жените носеа шарени блузи без ракави, а мажите еднобојни маички со тесни прерамки.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)