жена (имн.) - мој (прид.)

Со синовите и со ќерките мои и со жените мои се погодивме тие да ме пуштат да си отидам а јас, за вратка, да им го оставам имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„... Таа жената моја беше од битолските села и таа имаше еден роднина во Америка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ристана жена моја Родена 20 октомври 1902 во Брезница неписмена умрена на 3 јануари 1943 година преживеала 40 години 2 месеци и 23 дена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И прочита: Јас, царот Соломон велам: Жено моја, чашо моја, пророкувај додека има ѕвезди.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем отец Мида запишал, дека не го интересирало што гледа нечестивиот во словото, и дека не застанал на местото негово, туку дека со умот и уката своја, познавајќи ги самаритјанските букви, со кои записот бил сочинет, прочитал вака, од свое место: ЖЕНО моја, чашо моја, пророкувај додека има ѕвезди.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Жената моја ја предадов, не ја чував како што треба маж да ја чува, туку се стрчав да се тепам со Турчинот, јас гордиот, а неа со моите три сина, моите бели гулаби, ја оставив во племњата, без заштита и без маж.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Жено, ѝ подвикнав јас на таа жената моја. Зовре вода­ за крмакот? Ја прашувам.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Војниците ги нема, а ја нема и Велика, жената моја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па јас олку женство и кај жената моја не сум видел.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дремам и во дремката ја здогледувам Велика, жената моја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)