Понатаму, овде се дава простор и на правата на жените работнички со тоа што одредбите од прописите за работните односи, прописите за безбедност и здравје при работа и прописите за еднаквиот третман на жените и мажите што се однесуваат за заштита на жените за време на бременост, раѓање, родителство и нега на дете, заштита на децата и младите лица се однесуваат и на отстапените агенциски работници од Агенција за привремено вработување на работодавач корисник. (чл. 3-в од Законот за измена и дополнување на ЗАПВ).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)