жена (имн.) - вака (прил.)

Жената издивна. - Што да правиме, господине Стојче, - рече таа. - Вие со науката, ние жените вака.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Некој, туѓинец, кој не видел жени вака избрбешкани со лепешки дури догоре, дури до пушталките, сигурно ќе се згнасеше кога ќе ги видеше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не шеташе со очите по неа, не ѝ ласкаше, не ѝ се додворуваше и не се доближуваше до неа како што тоа обично се прави кон жена вака облечена и која се држи комотно и предизвикувачки.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)