Сепак со секој здив минував во соништата секогаш през исто село со мртви покриви и со гробишта зад недарежливи лозја: крстовите беа без сенки и не никнуваа од земја, висеа: ги ослободуваа мртвите од преголема тежина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Освен што се обидуваш да им помогнеш на жените кога не им се мажите дома.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Ќе се обесам, Арсо, ако ти некому некогаш му помогнеш.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Некој, најверојатно Цуцул Мицковски, си ја кажуваше маката со шупелка: тоа беше глас на жена кога реди подгрбавена на гробишта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но, она што навистина го изненади стариот професор беше не тоа дека кучето со поглед секогаш го следеше кога тој пребаруваше по библиотеката, туку тоа што кога седна во фотелјата и ја отвори големата книга на скутот пред себе, кучето скокна со двете нозе на фотелјата од зад него и се вникна доближувајќи му ја главата и допирајќи го со влакната на својата глава некаде по вратот како едно време покојната жена кога попатно му ѕиркаше во четивото, а што него благо го обеспокојуваше.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)