Таква љубов не му посакував ни на најголемиот душман. Ѝ објаснив на жената дека додека тој сам не реши дека треба да се промени свесно и од корен, а не површно и лажно, никој друг нема да му помогне , па дури ни јас нема да изигрувам повеќе жртвено јагне за некој што сам себе не сака да си помогне.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
А мене, навистина, многу ми е симпатична!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ја носеа в затвор и ја обвинуваа дека дејствува не против општеството, туку против човештвото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ќе помисли жената дека ја мразам.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Сега Клара беше посветена на идејата да ги освести жените дека самите ќе мораат да се изборат за она што им припаѓа: сама изработуваше плакати на кои пишуваше дека образованието на девојчињата не треба да биде подготовка за улога на домаќинка туку да биде образование кое ќе им овозможи самостојност, и ги лепеше на фасадите на училиштата; бараше сопругите да имаат право да побараат развод; организираше групи кои бараа жените да имаат право на глас, а политичките партии ја пријавуваа во полиција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А притоа бев зафатен од помислата: дали тоа ми испраќа нејасни пораки вљубеноста на Денко Самоников или сум заинтригиран од жената, поточно од начинот на кој ја водеше љубовната игра; или пак сè уште се движев низ присутната сенка на онаа чудна изјава на жената дека сета е дождлива па во моето вообразување шеташе како топол летен облак; или летниот топол облак се беше веќе престорил насмевка и дланка; насмевка на нејзиното лице и дланка на нејзината рака што шета по лицето на пријателот?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Какви вустанки, какви шалварки, какви гаќи ќе ми носи! Му е гајле на нашите жени дека не носат гаќи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)