жена (имн.) - или (сврз.)

Во Париз, на пример, се смета навредливо и многу просто ако загледаш некоја жена или ѝ дофрлиш некакви непријатни зборови, но на секоја од нив можеш да ѝ се приближиш ако носи со себе кученце и ако тоа го држи в рацете - можеш да го помилуваш, а пак дамата за ваквиот гест ќе те награди со насмевка...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во чл. 15 ст. 1 ал. 1 и ал. 2 од овој закон, како исклучок од дискриминација се наведуваат посебната заштита на бремената жена или мајка кај работодавачот и мерките со кои активно се поттикнува вработувањето.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Таа ми забрануваше да ја сакам, ми забрануваше „јас“ да бидам „јас“ и јас да решавам што ќе сакам и што ќе правам; со тоа, таа ме лишуваше од себеси самиот, како што се прави тоа кога човек се става во затвор, па му се одзема правото да биде она што по професија е, да биде сопруг на својата жена или татко на своите деца, да биде пушач, па му се одземаат запалката, цигарите, сликите од семејството, паричникот, врвките, каишот; тоа беше чиста политика, идеолошки терор од прв ред: да не му дозволиш на човека да биде она што е!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Стрејтерските медиуми „ја гледаат духовитоста, но не сфаќаат зошто е нужна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, тоа подразбира повисок степен на солидарност со жените или барем поголема внесеност во борбите против сексизмот, отколку што тоа го прави стрејтерската експлоатација на кампскиот стил, која се дистанцира од женските ликови чија избезумена претераност ужива да ја изведува. ‌„Кампот е многу значаен на собир на настрани“, напиша Ричард Дајер во 1977 година, особено кога „настраните со него пркосно се служат против стрејтоста: но него многу лесно го презема стрејтерското општеството и го користи против нас“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Покажува жизнерадосност од идентификувањето со најдолните од долните и ознаменува отпор кон културната технологија што предизвикува општествено исклучување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, укажува волја да се видиш себеси во таквите сексистички прикажувања.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но и во таа бучава, во таа состојба кога треската го истиснува месото и го извртува човековиот дух како одрана кожа на дивина, со опачината на внатрешните сетила да доживува измислени и замислени настани, ги слушаш двете птици зад сплетениот ѕид на колата на која лежев: разговараа со гласовите на двајца од дружината, на оние што пред тоа си ја голтаа плуканката споменувајќи жена или жени и можеа да локаат анасонка, да пеат, братски да се прегрнуваат и пак да се морничават од копнеж по женско ноќно збивање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Старчето нешто раскажуваше пребројувајќи на прсти, Сандре Самарија со почит ја нишаше главата пред неговата мудрост, третиот, Арсо Арнаутче, со преголеми очи ја следеше девојката, а мене ме обземаше желба да истрчам и да го зграпчам, да му ја забуцам главата во потокот: разлади се малку, стрико Арсо, имаш син на мои години!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На Ѓурѓовден заклале со благословен и пренаточен срп криворог брав на прагот на великолепната воденица, не помала од онаа на бегот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Сеедно, некој веќе ќе му ја скрши главата.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Шепотот на љубопитноста во она малку крв што ја имав не можеше да ѝ се спротиви на бучавата од која небото паѓаше врз сите нас да нѐ ослободи од патилата и надежите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не бил нем само Онисифор, тој, со лузната, туку и сите други заедно со жените и децата што помагале во запрегнувањето на добитокот во двоколките на кои ќе се донесат воденичките камења од Лесново, по нивна сметка пред да созреат црешите, пред лето значи, и луѓето редум ќе ги израстоварат на брегот на Давидица, секој својот товар пред своја воденица што жената или некој старец или роднина од Побожјане, од Бањанци, од Кучковица или од Мирковци ќе ја допокрие.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Некој што те брани?“ „Некој што ја брани својата жена или својата сестра.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со крвта на животното ги испрскале воденичките камења, крв веќе да не се пролее од нивни орач и жнеач и скоро сосила довлекле однегде мијачки живописец, со секакви бои да ја забележи на внатрешните ѕидови историјата на покладарите, нивниот пат од Кукулино до Лесново и назад, со завршна сцена во која Онисифор Проказник ги подава исусовски пребелите раце кон куп воскреснати луѓе, од набожни причини со крилја и со голи бакрени стомаци под спокојно прекрстените раце, сите до еден, дури и малоумниот Јаков Иконописец, сликани според опишувањето на нивните мајки, жени или синови и секој над глава со напишано име.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таков им доаѓал пред тоа во соништата или со тегобите: намќоросан, речиси без линија на усни, нездраво бел под небриченоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред две години непознати братучеди на ред го мердале жилавецот за здодевање на туѓа жена или туѓа сестра.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кажи ми дали ме побара да ти бидам жена или робинка?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се гледа дека не ги познавате жените или сте, простете, добро наклукани со плитка литература.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И сепак кога веќе ќе го затворам дневников, зашто жена или се мажи или пишува дневник, двете работи не одат заедно – сега веќе не сакам да излезам од него без да го кажам ова со радост од надеж, со надеж од радост.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И ќе биде победата на кралицата над таа подмолна приврзаност, тоа недолично и безгласно обземање.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Маѓосан од непревиденото откритие, со сува уста и суво срце, додека мажлецот во моето грло бабреше и ми го запираше здивот (сеедно, сега живеев само со очите), помамно го отсликував во секое свое делче ликот на жената или толкупати ја намножував колку што може да има клетки еден обичен човечки мозок.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во домот најмалку трипати во месецот доаѓаа одговорни другари, добротвори, благородни луѓе, граѓани, татковци, мајки во потрага по своите деца, задолжени активисти, предавачи, артистички трупи, поети, морнари, секакви гомнари, потоа некои си другар и другарка Лажоски, маж и жена или брат и сестра, чудовишта, инспектори по здравје и хигиена, едни вечно гладни луѓишта.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нејзиниот адвокат се обиде да внесе чувство и почна трогателно: Замислете, господине судија, да ни се случи вакво нешто на нашите жени или ќерки, како ќе ни е, како ќе се чувствуваме...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А Русија не е земја за една недела или за еден месец да ја поминеш!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Потоа повторно молк со години, и наеднаш нова вест: слушнале од некого оти божем ја видел од далеку во некој голем град, но дали била токму неговата исчезната жена или некоја слична на неа мустра, сведокот за жал не можел да потврди.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)