Бојан се наведна, го фати внимателно јагнето за задните нозе и го поткрена: - Женско е, - рече. - Ќе го викам Снежанка.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Зашто, ако женското е со шапка, или ако носи свилени чорапи, или ако в раце држи некакво кутре или пак има златен заб в уста, тогаш таквата аристократка и не е некакво женско, туку, да ми извините, мазно место.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Гледам, стои една таква дама. Наврела чорапи, заб ѝ болскоти в уста.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Женско е, реков. Може се чудиш што знам дека е женско без да го видам.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)