- Цел живот сум печалбар, вели тој со лузната на лицето.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
ЧОВЕКОТ: Цел живот сум бил во позадина.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
На тоа му се свртев, со мојата најлоша фаца што некогаш во животот сум ја направила и му реков: - Тргни ми се од пред очи да не те гледам!
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Цел живот сум работела, бидејќи сум морала, сум се вклопувала во нечии шеми, никакви креации, никаква слобода во работата.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Во животот сум наидувал на многу слични ситуации на оние на Павлов од расказот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Мора да кажам дека со многу професии во животот сум се занимавала и, бидејќи сум шкорпија со подзнак шкорпија, сите сум ги работела со љубов.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ги испив. И делуваа - еве, цел живот сум исправена, вистинска енергетска бомба.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Најубаво во животот сум се чувствувала меѓу триесет и петтата и четириесеттата. Во секоја смисла.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Но јас знаев дека ме теши, дека ме лаже; јас точно, секогаш во животот сум била свесна за своето тело, господине судија, за секоја негова маана или доблест.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А, не ти, уште основно не завршила, туку „дави„ со тоа!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Почекај малку, порасни, знаеш ли кога прв пат во животот сум ја минал границата? Кога сум бил студент.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Болките и тегобите беа слични на тие што сум ги доживеал кога два пати во животот сум морал да земам лаксатив, само што овде олеснувањето не одеше толку брзо и толку лесно.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Кога Ѓорѓија ќе влезеше во кујната, таа ќе се свртеше, не поздравувајќи се за добро утро и ќе почнеше да зборува како тој претходниот ден заборавил да купи јаболка, па како таа утрово немала со што да се заблажи или како Ѓорѓија не го исклучил светлото од ходникот и тоа горело цела ноќ - па, знаеш ли ти колкава сметка плаќаме за струја? - ќе се побунеше, заборавајќи кој ги плаќа сметките.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Цел живот сум трчал низ полето и селото, чувај го, барај го овој, барај го оној и - ништо!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
За многу нешта што сум ги постигнал во животот сум им благодарен на сите мои учители, За многу благости што се сочувале во мојата душа, благодарен сум им на своите учители.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
ЛУКОВ: По ѓаволите, уште цели пет часови. (Пауза.) Понекогаш ми се чини дека сиот живот сум го поминал во чекање на луѓе што задоцнувале со своите пристигања.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
А јас во животот сум забележал дека постојат и машки и женски души; на машките душата им излегува по желба, а на жените им ја вадат...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)