Порано, во еднопартискиот систем, просторијата на кооперацијата си беше секогаш иста, истиот продавач, Тоде Нунко, истите шишиња зејтин, истата сол, истата пипер за в очи, истото сточно, ако го имаше, истите наполитанки “јадро“, истите поличиња, истата паланѕа со истите тегови, сѐ урамнотежено и сите присутни урамнотежени и мирни, секој во себе со прстот на чело, што ќе каже и колку треба да каже, за да се заслужи еден живот што се живее.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Заборавениот вагон на заборавениот колосек само можеше да сонува за главниот колосек и за животот што тече по него.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
На крајот ќе изградиме мирно почивалиште за да направиме реставрација и целосно истражување на сочните, зрели плодови од животот и квалитетот на животот што го живеевме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Некогаш таму навраќале видни кнезови за да се соочат со последната игра на својот живот што самите ја нарекле руски рулет.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Но и јас сум гранка на брегот од животот што расте па колку да ми се смрзнати и румени и нејаки прстите ја сечам таа одвратна лизгава маска од мов црпејќи сили во споменот на нешто зелено зелено (ДОЖДОВИ)
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Ова е осврт на животот што тогаш го водевме, моите пријатели и јас - осврт на сликарството, филмот, модата, музиката; на суперѕвездите и настаните кои ја создадоа сцената во нашето поткровје на Manhattan, местото познато како Factory. 22 Margina #10 [1995] | okno.mk 1960-1962
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ова ѝ го реков на Пеперутката кога ѝ се роди онаа необична замисла за порачка на повеќе свилени платнени ленти во сите бои: и бела , и црвена, и розова, дури и виолетова.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Притоа тврдев дека тешко може да се создаде живот што се разликува од другите и кој ќе се карактеризира како необичен и посебен!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)