Луѓето и не го виделе, сѐ уште свртени кон неподвижниот труп преку кој, им се сторило, лазеле танки линии крв и испокинати жили, додека месото под распарталената облека се отвора сама од себе и трепети од допир со студот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дел од левата дланка со четирите прсти била од секира одвоена и свртена со белината и со дел од линијата на животот кон небото; како да просела. Палецот останал осамен на раката.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А оти животот кон него не беше многу-многу наклонет, се разбира, тоа не требаше да се испитува, белезите на еден сигурно суров и несреќен живот му беа видливи како на лице драсканица од анџар.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Сега бев двојно столчена, еднаш од предавството на Борко во животот кон мене, зашто никогаш не беше ми кажал за таа своја тајна, а сега и од неможноста да го објаснам апсењето на Симона, под обвинение, јасно, за ширење на лажни вести и непријателска пропаганда против државата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)