Живеевме како богови; немавме многу а имавме сѐ, и тоа никогаш во животот веќе не ми се повтори.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но, тој јасно ја гледаше, ја чувствуваше болеста, оти животот веќе подолго време му беше на пауза и не беше способен да прави ништо друго.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
- Никако! - одбив. – Јас во тој дел од паркот во живот веќе нема да стапнам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Вака никогаш не било. Да не можам да дишам, Да нема живот веќе.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Не со банда, туку со илјада банди од најсилните тепачи нема да се осмелам да појдам таму.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Кога би се случило тоа никогаш, значи, во овој живот веќе не би се вратил и никој освен тебе самиот не би знаел по што си копнеел...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
На новиот Хермес, новиот Питагора, каков што беше Leonardo, кој за време на животот веќе беше легенда, му одговори, четири века подоцна, овој друг посветеник кој беше „трговец со сол”.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Решив: до крајот на животот веќе никогаш да не им верувам на нејзините ветувања. Ѝ се налутив толку многу што посакав да си заминам од дома...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)