- Не сум слушнал за такви нешта. Ти ги измисли? - сериозно се исчудуваше Господ Саздов.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
О, каква вода, каква голема вода зашуме во нашиот глув дом, нашиот несреќен живот наеднаш беше среќен, друг. Цел.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Директорката на програмата ми забележа дека сум постапил многу наивно кога сум го оценил онолку позитивно и дури препорачал за гледање филмот „Ние сите сме убијци“ во кој некогашните борци за слобода, во Франција, сега, како цивили во животот наеднаш стануваат убијци!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тоа било непосредно пред да ја донесат во Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На Криста, нашата сосетка во Гнездо, животот наеднаш ѝ се испревртел.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)