живот (имн.) - ли (чест.)

Шо е воа, живот ли е? — покажува на децата и на нивните партали. — Шо правиш ти, мори црна чумо?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Моите две тетки тивко цимолкаа и шмркаа за вујко ми Сотир, додека тој од врамената фотографија на ѕидот концентрирано гледаше во празната тава на масата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ајде марш во веце ти прв, па после сестра ти! Цел живот ли по вас ќе чистам!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потрча, затоа, по камионот и ја крена раката како да сака да го запре, возилото ли, неа, текот на времето, животот ли каков што дотогаш му беше даден, што брзо се оддалечуваше итајќи незапирливо во непозната насока, а потоа виде дека е залудно и застана.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)