Но не го допираат тие срцето наше, на лошо, животните ги сакаме, луѓето се тие кои со својата немилост нѐ плашат. животните, со својата невиност, неж разгалуваат.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
- Арам да им е... такви мирни, убави и мили животинчиња ги испозаклале ли?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
На судот животните ги претставувал адвокат кој обично ги бранел нивните дела со тврдења дека тие, како божји суштества, имаат исти права да живеат во одредена средина или да јадат некои билки.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Сујак кожите од разни диви и питоми животни ги сушеше под настрешницата крај куќата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Со крвта на животното ги испрскале воденичките камења, крв веќе да не се пролее од нивни орач и жнеач и скоро сосила довлекле однегде мијачки живописец, со секакви бои да ја забележи на внатрешните ѕидови историјата на покладарите, нивниот пат од Кукулино до Лесново и назад, со завршна сцена во која Онисифор Проказник ги подава исусовски пребелите раце кон куп воскреснати луѓе, од набожни причини со крилја и со голи бакрени стомаци под спокојно прекрстените раце, сите до еден, дури и малоумниот Јаков Иконописец, сликани според опишувањето на нивните мајки, жени или синови и секој над глава со напишано име.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На Ѓурѓовден заклале со благословен и пренаточен срп криворог брав на прагот на великолепната воденица, не помала од онаа на бегот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Значи, ние едноставно на едно прашање (Како животното ги организира домашните територии?) одговараме со друго, исто толку сложено (Како анималкулусот ги организира домашните територии?).
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)