Еднаш на еден му ја запали племната, на друг му го испушти житото од амбарот во калта.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
А тие продолжија: Си го упропастила брашното, и почнаа да ме убедуваат дека не е еднакво житото од нашето поднебје и од нивното.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
А дедо Стамен, кој презимил многу зими, и снежни и суви, кој жнеел многу жетви и добри и лоши, одговори: - Снегот ги штити житата од мразевите.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Сето било поснопица, вели, небаре изгазено жито од град и од ветар.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ги прашав: Зошто да не, навистина ова е ’ржано брашно, но јас сум месела од секакво брашно и секогаш добро излегувало.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)