Турските заемки стануваа стапици каде требаше нешто да земат, а без да бидат земени самите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
LIV Татко и Камилски, колку и да чувствуваа некакво задоволство од тоа што нивниот проект се наоѓаше при крај, имајќи доволно избрани заемки за да ја состават конечно листата на (без)опасните турцизми, не ги напушташе заедничкото чувство што не си го признаваа еден на друг дека можеби станале заложници на уште една лажна идеја, чии жртви обично стануваа големите балкански автодидакти.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)