На Кулета и Андона оваа им беше прва работа од ваков вид и затоа на двајцата почнаа да им бијат силно срцата, а вилиците да им се тресат та забите почнаа да им штракаат, небарем замрзнаа од студ во топлата пролетна вечер Толе ги теши со шепот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ич гајле немам, и нови заби почнаа да ми никнуваат.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во три четири чекори беше до него на пет шест метра; и кога овој се заврте и го виде, нозете му се затресоа, забите почнаа да му штракаат, а гласот му се зеде.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Диме се наежи. Забите почнаа да му чукаат а тој се мачеше да ги смири но не можеше.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
И тој падна мртов, продавајќи ја својата глава за десетина турски.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Замавна лево и десно со кундакот и кутна уште двајца, но рацете му се олабавија, a забите почнаа да му чкртаат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)