Му се приближуваше со оние свои огромни скокови, од чии што удари потреперуваше, протатнувајќи, сета земја, и Змејко сега можеше со свои очи да види како оние негови завиорени в страна огромни заби ги делнуваат како завиорени сабји доста дебелите стебленки на дрвјата, што му стоеја на патот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, штом Томо ќе исчезнеше од видокругот, своите остри отровни заби ги зариваше во вратот на Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тогаш ѕвероглавите ме раскинаа. Еден го носеше мојот мозок, другиот со забите ги кршеше коските на вилиците, на вратните пршлени.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Само се тресеше како прат; забите ги стискаше, но вилиците му се тресеа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)