На забавата приредена при отворањето на една изложба во галеријата Луј Каре во Париз, на 23 јуни 1963 година Дишан се сретнал со Жана Саре, жена со која бил во интимна врска пред 55 години и која позирала за една од фигурите во неговата слика „Грмушка“ од 1911; Дишан ја прашувал за минатото, а особено се интересирал за нејзината ќерка родена 1911.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Одредени детали се толку безначајни што ќе наидат на мал или никаков интерес кај обичниот читател, а поради применетиот систем на организација на текстот, информациите за одредени настани од животот на Дишан, тешко е, ако не и невозможно, да се пронајдат доколку каталогот не се прочита во потполност (иако е од некаква помош индексот на делата). (15) Меѓу безбројните нови работи кои ги дознаваме за животот и уметноста на Дишан од Ефемеридите, најизненадувачко и најинтересно е тоа што Дишан имал ќерка за која знаел но која ја сретнал дури две години пред да умре.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)