Завидлив беше Писмородецот, и затоа, во моите сказанија си го претставував отец Пелазгиј како молец, или барем се утешував со помислата дека во некој претходен живот (во тоа чудо, претходен живот, само јас единствен од сите отци верував) засигурно и верно бил молец, оти зависта ваистина е молец: таа, како и несреќната животинка ја јаде рубата во која се родила: зависта го јаде срцето, ја нагризува душата, го сакати телото.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Потоа луѓето со завист го гледале пресреќниот Доце Срменков кога отишол да се проубави со чиста кошула позната по многуте везови од дните на неговата младост кога Фиданка Кукникова се тркалала со своите врснички в прав.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дојди, ќе се напиеме ракија. - Ќе се напиеме. И не заборавај: оџакот навистина испукал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)