Пресудено беше во корист на Божиновски – по што работодавачот беше должен, во рок од осум дена по приемот на пресудата, да му исплати вкупна сума од 140.822 МКД (2.310 ЕУР) на име „минат труд“, зголемена за затезната камата и плус да му ги надомести парничните трошоци во износ од 28.572 МКД (470 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Паралелно со оваа опишана тужба, Божиновски, како што веќе беше споменато – по отказот, добиен во јуни 2005 – преку истиот адвокат, поднесува и нова [втора] тужба, но сега по други две основи: – прво, неисплатен регрес за годишен одмор (К-15) – за овој прв основ интересно е тоа што, за време на судската постапка, работодавачот ја криеше завршната сметка за претходната година и лажно изјавуваше пред судот дека, поради наводна загуба во работењето, на никому во фирмата не бил исплатен ваков регрес. – второ, недоисплатени плати како испратнина/отпремнина, по основ на прогласување за „технолошки вишок“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Оваа одлука тужениот работодавач, преку својот полномошник (Б. Гачевска), благовремено ја обжалува пред Апелациониот суд Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Пред нас е свет на одредена мода; тука се “cultismo” и “conceptualismo” на епохата, прециозноста што се стреми кон образованост, елегенцијата, перспективизмот, но и лавиринтиката (запчаниците долу десно), она “заклученото” (вратата во заднината), синкретизмот (регалот со книги), гротескното (фигурите на десната страна на машината за читање), декоративно-фантастичното (самиот склоп на машината), изолираноста во лудилото на знаење, духовната загуба во светот-затвор (зад три тешки брави), што е, белки, некаков нов, “техницизиран” симбол на Сатурн, но и амблем на безнадежната љубопитност.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Сега и мене ми иде така. ,Диверзија е таков вид на војување која има цел да го изненади непријателот, да му нанесе што поголеми загуби во луѓе и техника.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)