Со задоволство го правиме тоа, не пропуштајќи да напоменеме дека меѓу неколкуте работи со кои не се согласуваме во текстот, постои една што консензуално ја прифаќаме токму како дел од некаква „маргинска поетика”: „секоја хиерархија во уметноста е релативизирана”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Едвај дочекаа да му подметнат пријава и со задоволство го испратија на ѓаволското острово!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Меѓувремено тој со задоволство го шеташе својот поглед по нејзините пријатно впечатливи облици – долгникавите нозе, одвај малку дебелки, колку што е доволно човек да им ја почувствува тежината што предизвикува да ја имаш на раце и да ја поткренеш, врз коишто се вишеше нејзиниот чиниш мрзлив, но привлечен задник.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Арсо полека тонеше и се губеше во слабост и некакво матно задоволство го обземаше за тоа што чезне и гасне во магловина...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И така, тој ја стави плочата и го вклучи грамофонот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ж: Тогаш му предложив да ја чуеме на неговиот нов грамофон, и тој со задоволство го прифати предлогот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Секое следно беше сѐ побледо и побледо; и најјаките задоволства го изгубија вкусот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ги загубив сите идеали. Со нив се изгубив и себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А толку и ќе трае, ако некој не ве шутне во г’з, што ние со задоволство го правиме, во оваа успорена компјутерска симулација.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)