Вака завршен тој не може и ја нема намерата да го изрази, на крајот, моето задоволство дека е сето тоа совладано.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Вџашен, без да има таква намера, го закопа погледот во долчето помеѓу нејзините дојки при што таа си ја стави раката на градите, со палецот и показалецот се фати за бисерниот гердан, да се покрие, но некако не криејќи му го задоволството дека знае каде му залутал погледот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Така и со појавата на срната, иако таа го разнежи, иако почувствува задоволство дека може да ѝ помогне, сепак изостана онаа вистинска, пенлива детска радост, што би се случило кога би бил и дедо му крај него, кога снегот не би паѓал толку застрашувачки и кога не би постоел тој скриен, тој леден страв што го остави ненадејното волчешко завивање.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Цицај, смукај, Снежанке! - шепотеше момченцето, чувствувајќи задоволство дека може да му помогне на тоа мало немоќно суштество.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Секој е одговорен за себе, секој е самиот одговорен пред Бога, не смее да се следи слепото мнозинство, најважното во очите на другите и во успехот пред другите е внатрешното задоволство дека ја извршивме нашата должност.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
- Драги млади екологисти, ве поздравуваме и искажуваме задоволство дека ќе се допишуваме со вас.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Теми го погледна Влатко - погледот искажуваше задоволство дека ќе одат заедно на екскурзија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Гранкиве ќе ги изгориме, пепелта е многу добра за прехранување, се мора да се искористи! “ - на лицето му се гледаше задоволство дека работата успешно привршува.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Чувствувам посебно задоволство дека во овој случај нѐ дели и реката.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)