Па така, повеќе лица можат со една тужба да тужат, односно да бидат тужени [т.н. „сопарничари“], ако: 1) во поглед на предметот на спорот се во правна заедница или ако нивните права, односно обврски произлегуваат од ист фактички и правен основ; 2) предмет на спорот се барања односно обврски од ист вид што се засноваат врз суштествено истовиден фактички и правен основ иако постои стварна и месна надлежност на истиот суд за секое барање и за секој тужен и 3) тоа е определено со друг закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
2. Во процесното право постои и институтот множина на субјекти.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тоа е исто така и момент на потпис (на другите и себеси) со кој сме прифатиле да се запишеме во некоја заедница или во неизбришлива врска: раѓањето на субјектот, како што вие споменавте предмалку, е повеќе од „биолошко“ раѓање, но за тоа токму е потребно телото и неизбришлива ознака.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во село непознатото е секогаш моќно или страшно, тоа се интегрира во заедницата или се смилостивува со жртва и ритуал.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Но културните практики си имаат и сопствени особени составни делови, кои не се совпаѓаат сосема со опсегот на секоја демографска група посебно и нивната распространетост кај популацијата не ги следи точно цртите на разграничувањето – кои и самите се изразито размачкани – кои ги бележат меѓите помеѓу различните заедници или различните општествени колективитети.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Да речеме дека јас веќе во Алжир се „пропрпелкав“ во литературата и филозофијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)