Татко беше мошне рестриктивен во изборот на овие заемки зашто речиси сите, како и тие што следеа од областа на администрацијата, со падот на Османската Империја исчезнаа и во употребата во јазиците на новите балкански држави и во самата нова Турција.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Меѓутоа, Татко веруваше дека употребата на овие заемки нема конечно да замре зашто тие понатаму беа живо присутни во народната меморија и творештво, во народните говори, во старите документи од кои некои беа валидни и во новото време, како на пример тапијата, адетот, аманетот, бакшишот и други.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)