закон (имн.) - ги (зам.)

Едно време со закон ги држеа луѓето трезни, сега со закон ги дрогираат.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
130 Како единствени позначајни промени кои овој закон ги претрпе од неговото донесување, па се до крајот на 2009 година беа оние со кои се пропишаа повисоки парични казни за постапување спротивно на одредбите од овој закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Членот 35 пропишува дека носителите на раководни функции и лицата од кои зависи техничко-технолошкиот процес и се од незаменливо значење за одвивање на дејноста на претпријатието не можат да учествуваат во штрајк, а согласно член 36, ако вработените спротивно на овој закон ги запоседнале и се задржуваат во објектите и административните простории на јавното претпријатие, директорот на јавното претпријатие е должен да преземе мерки заради нивно отстранување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имено, правното лице на кое се однесува овој закон ги исплатува нето платите за април 1992 година и натаму најмногу во висина на просечно исплатената нето плата по работник за март 1992 година зголемена за 30%, а за правните лица кои вршат дејност од областа на земјоделството и градежништвото, зголемена за 35% (чл. 3, ЗИПДНД/92).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А.А. продолжува со говорот: - Така е запишано во нашиот напреден Устав, а наши­те праведни закони ги регулираат сите други прашања во врска со атеизмот во земјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Исто така, овој закон ги пропишува и времето и местото на вршењето на вознемирувањето и тоа под место се смета работното место на кое работникот работи, како и местото на кое тој е упатен да работи од страна на работодавачот, но може да се сметаат и местата низ кои минува работникот при неговото доаѓање или заминување од работното место.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во чл. 3 се наведуваат основите по кои се забранува директна и индиректна дискриминација (пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална и телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба или која било друга основа која е предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор), а во чл.4 е дефинирана примената во областите кои овој закон ги покрива.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
13. Пиратската продавница беше празна и спокојна пред погледот на отворената улица, додека законот ги движеше автомобилите и луѓето во мешаница.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)