Виде оти ја напуштија борбата сите, им удри уште неколку залпови во правец на конакот и казармата, си го јавна својот коњ и со другарите, го напушти и тој „бојното поле" со тешка тага на душата што не го турна Арслана од мудурлакот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Бунтовниците со отворањето на портата го истурија првиот залп во првата редица и се џитнаа напред да си пробиваат пат со уште еден залп, a потоа со јатаганите и секирите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ти иих, шо такцират имале сиромаси со вас да тргаат, да би орлите ви го тргале месото на живота!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)