замине (имн.) - ќе (чест.)

Дури во еден момент се посомневав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност помислив дали воопшто е упатно водењето такви разговори и тоа кришум од другите кога сум речиси сигурен дека секој момент се повеќе се зголемува раздалеченоста помеѓу неа и мене?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
"Не дека ќе те напуштам засекогаш, но ова мое заминување ќе потрае", речиси шепотев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Толку обично беше решението што го донесов, а толку грдо ми се чинеше кога требаше да и го соопштам, иако знаев дека таа нема да го слушне.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)