Заминувањето кон градот означуваше ново пресудно време за овие семејства посеани по падините, превоите, сртовите на високите балкански планини.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Кај нас, како емигрантско семејство, тоа сигурно ќе ги поттикнеше да реагираат силите кои беа за нашето заминување кон Америка или Австралија, како што беше редот со сите емигрантски семејства пребегнати од Албанија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
КНИГАТА ЕСЕЈ метално чиста со цврста маса што одѕвонува сталожена спирално овенчана со чинот на раѓањето со сѐ што е банално во стисокот на рацете во писокот на локомотивата во заминувањето кон личната слобода што заробува во една фуснота посветена на моето заборавено име
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)