Пријателите убаво вечераа а потоа пак се наместија на прозорецот од каде струеше топлинка и со занес го гледаа призорот во собата и ја слушаа пријатната музика што извираше од една кутија, за која полскиот врабец не знаеше дека се вика радио.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Без ироничен занес го гледам секој метар од патот што го изодев, центарот на светот е далеку, а јас во таа потрага тргнав низ невремето на судбината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Фантастична креација, создадена приказна со смели потези на судбината, која сама по себе е доволно мистична и застрашувачка, приказна која ќе живее под бисерната светлината на денот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Татко со занес го слушаше расприкажаниот вујко, тој бездруго имаше некаква цел која сакаше да му ја наложи на својот внук.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во занесот го гледам само модриот прстен од левата рака на продавачот, ги слушам магичните зборови и час пропаѓам или се кревам, час бладам или потпевнувам, обидувајќи се, притоа да им посочам на моите на петелот „Чуварот на сонот“ кој се така бдее и пее надвиснат над мене, и ако заклан.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тој пријатен занес го прекина дедо.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Седел со пушка на коленици и наведнат, некако чудно и длабоко под превезот на свои тајни, што бездруго не можело а да не се поверува дека веќе и не сонува да ѝ стане чауш на дружината ако некогаш некој занес го подбуцнувал кон таква славољубивост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По бесењето на килавиот Јаков Иконописец (настанот никој не го споменувал, значи секој од нив по малку се чувствувал душман), на тој вчерашен мајстор на смртта, како да живеел во магли на каење.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од благиот занес го оттргна гласот на Игора Лозински, кој го повикуваше да го види преостанатиот дел од колекцијата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Науката има значи свои граници коишто митот ги брише, размислуваше во себе додека во занес го слушаше Игора Лозински.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Со занес го слушаше Игора Лозински, кој беше проникнал длабоко во природните тајни на Езерото, а во неговата свест проработуваше силниот механизам на асоцијациите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)