Беше тоа наредникот Десимир Пенезиќ, наочит и единствен тој од сите други војници неупреклив со жителите на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ете тогаш, кога Потковицата беше завојувана од Србите, кога од страна на Началството постоеше заповед никој да не се добира до војниците, да не им прави услуги и да не прима услуги од нив, кога отворено се зборуваше дека божемните сојузници се полоши и од Туците и дека се токмат тие да ги заменат нив ( во Потковицата сеедно и сеедно пристигаа гласови од сите краишта на Македонија дека новите завојувачи ги прогонуваат и ги убиваат нашите учители и свештеници,дека ги ограбуваат и ги палат нашите села и светилишта) кога се изјаловија нивните надежи дека Македонија, по победата на Сојузниците над Турците, ќе добие своја автономија и ќе стане држава каква што станаа тие, Србија, Бугарија и Грција, кога сите беа обземени од очај дека ќе останат без татковина, при крајот на Првното србско, во летото 1915-та, се случи една од чупите Јанчески, Благуна Василичина, да се измами по еден од војниците сместени во поранешното училиште.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)