Точка-збор кој зрачи Со безброј лачи: Точка - крај, точка бескрај Точка - почеток, зачеток На вселената, на човекот, Точка во човекот, во битието, Точка на секот и пресекот, Точка - зрно на зачетието.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Важноста на првиот загриз: зачеток на богатата взаемна гозба.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Проширувајќи го своето видување на светот врз сите големи дела на минатото, тој ни дава час од историјата на живописот; ние се гледаме во двојна димензија и сфаќаме, ренесансните, класичните и современите уметници во себе веќе ги носеа зачетоците на Ботеро... 204 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Нивната цврста прегратка како да покажуваше и зачеток на уште нешто... Со својата камера младата новинарка го следеше искачувањето кон врвот и на другите учесници.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Вчера го прославија овде св. Трифун А несреќниот Валентин остана в сенка Во просветениот свет најпрвин доаѓа љубовта А потоа опиеноста. Овде пијанството е зачеток На секој зафат.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)